Како ЈУ-Рок сцената се солидаризираше со Палестина

Во петок, 9 јули 1982 во Белград, на плоштадот „Маркс и Енгелс”, одржан е голем собир за поддршка на палестинскиот народ и неговата борба против израелскиот агресор. На собирот, најпрво збор зеде народниот херој и генерал Душко Кoрач, во име на Конгресот при Сојузот на борци на народнослободителната борба, а потоа и Мухамед Нафан, претставник на Палестинското ослободително движење.

„Конгресот смета дека агресијата може да се спореди, по свирепоста во пресметката со цивилното население, особено со палестинските бегалци, само со нацистичките злосторства кои хитлеровите орди ги вршеле по земјите ширум Европа за време на Втората светска војна, оние орди кои во гасните комори истребиле милион Евреи”- пишуваше на летоците кои беа делени во пресрет и за време на настанот низ Белград.

Како една неправда брзо раѓа друга, може да се види кога помеѓу многуте трансапренти на арапски јазик, се појави и еден од ретките на српскохрватски на кои пишуваше “Јудинови синови – ќе се осветиме за Бејрут“. 

Истовремено, кружеше и леток со извадоци од писмото на Бенјамин Гох, професор на Универзитетот во Тел Авив, објавен во „Мондо” на 19 јуни 1982 година, во кое се наведува како Израелците не ја поддржуваат полтииката на Владата која диктира војна и убивање.

„Ние тука, покрај Палестинците таму, потполно сме осамени, напуштени, па дури и од нашите најблиски.
Направете ве молам, мои драги пријатели, се што е во ваша моќ на Бегин и Шарон не ја постигнат својата двојна цел: конечна ликвидација на Палестинците како народ и Израелците како човечки суштества” – додаде тој.

По воведните говори, воспоставена е директна врска со дописникот на Танјуг од Никозија (Кипар), чии потресни сведоштва предизвикаа бурни реакции помеѓу протестирачите собрани на плоштадот. Негативна реакција предизвика и изјавата на водителот кој кажа дека на плоштадот има околу илјада лица, иако во реалноста беа од 6 до 7 илјади.

Продолжението на собирот беше замислен како рок-концерт. Најпрво настапи белградската група Електричен Оргазам, а подоцна во денот, пред 30 илјади присутни настапи и популарната Рибја Чорба.
 

Извадок од Џубокс, 1982 година.