Мојсоска: Нападот врз митот за Гоце Делчев претставува напад врз македонската нација

Во денешната дебата на емисијата „Само вистина“ гостуваше Генералниот секретар и член на Президиумот на Политичката партија Левица, Јована Мојсоска. Една од темите која најмногу го привлече вниманието на јавноста беше работата на „Историската комисија“ и преговорите со источниот сосед.

Мојсоска потенцираше дека секоја нација има право да го гради сопствениот мит, и дека нападот врз македонскиот историски мит вклучително и митот за Гоце Делчев е директен напад врз македонската нација.

„Преговарањето за Гоце Делчев е фатално! Како што секоја нација почива на митови, така и македонската нација почива врз митот за Гоце Делчев. Секој атак врз митот за Гоце Делчев претставува атак врз македонската нација!“

Во продолжение, Генералнио секретар на Левица зборуваше за тоа кои треба да бидат приоритетите на Македонија во преговорите со источниот сосед, нагласувајки дека ЕУ не може да се оградува дека станува збор за билатерален спор.

„Ние што можеме да побараме: Бугарија да го признае македонското малцинство, да ги спроведе сите тие пресуди од Судот за човекови права и да покаже дека има европски и демократски капацитет. Во спротивно ЕУ не може да се дистанцира и да каже дека ова е билатерален спор. Тоа е апсолутно невистинито, бидејќи ние сме уценети со вето за влез во ЕУ.“