Лавров: Претседателот на македонското Собрание го погазува македонското знаме

Во интервју на Министерот за надворешни работи на Руската Федерација Сергеј Лавров на прашања на медиумите за време на прес-конференција за резултатите на руската дипломатија во 2023 година (18 јануари 2024 година), зборуваше за случувањата на Балканот а се осврна на однесувањето на Алванците, вклучително и во Македонија.

Според рускиот Министер ЕУ е поблиску до косовските Албанци, отколку до било кој друг на Балканот, само заради тоа што тие се „заколнати во верност“ на НАТО.

Тие [ЕУ] се поблиску до косовските Албанци. Затоа што се заколнаа на верност, сакаат секаде да се „приклучат“ на НАТО, верно ќе ги следат инструкциите на Европската унија. Само ако подоцна не „експлодира“ албанскиот проблем на Балканот, изјави Лавров.

Во изјавата, Лавров се осврна на Македонија каде истакна дека албанските функционери ги погазуваат државните симболи во државата и на највисоко институционално ниво.

Албанскиот фактор е сериозен. Ја спомнавте Македонија. Претседателот на македонското Собрание до ден-денес седи на маса со албанско знаме. И македонско е некаде, но албанско е во близина. Но, ова е посебна тема.