АктуелноЛокално

Исмаил: Во Втората македонска бригада учетвувале многу Албанци – Демачи е УЧК колаборационист на фашистите!

Волјата на граѓаните на сегашната улица “Адем Демачи”, дали сакаат така да се вика улицата никогаш не е измерен, но и да е, ваша одговорност е да ги едуцирате граѓаните за интересот на Република Македонија“, истакна денеска советникот од редовите на Левица во Советот на Град Скопје, Реџеп Исмаил, по однос на точката која се однесува на насилно променетите имиња на улици.

„Во Втората македонска бригада има еден куп Албанци, а Адем Демачи е портпарол на УЧК, не се работи за политичка, туку за идеолошка разлика, едните се партизани, другите се колаборационисти на фашистите,“ – кажа Реџеп Исмаил Советник од Левица на Седницата во Советот на Град Скопје.

Во продолжение Советникот од редовите на Левица додаде дека не можат да се именуваат имињата на улиците и инфраструктурните објекти, со имиња кои се навреливи за граѓаните на Република Македонија

Не знам како ова име е поминато на Владата, член 6 од Законот вели дека не можат да се определат имиња на инфраструктурен објект, улица, мост и слично со кој се навредува угледот на РМ, се навредуваат националните чувства на граѓаните на РМ, на националните малцинства и исто така име кое го нарушува односот меѓу заедниците. Албанците тука имаат историја која не е поврзана со Адем Демачи, истакна Реџеп Исмаил.