Најава за нов масакар на шумите кај село Ореше – селаните спремаат бунт

  • Реакција на Левица – Зелен сектор

ЈП Македонски шуми започнува уште една голема масовна сеча во реонот на Азот, во непосредна близина на мијачките села Ореше и Папрадиште во Општина Чашка.

Месната заедница и селаните од с. Ореше најавуваат жесток отпор и одбрана на своите кории од налетот на шумската мафија која под закрила на Ј. П. Македонски шуми и Ш. С. Горна Бабуна по завршениот тендер за сеча ќе започнат со масовна, неконтролирана и гола сеча во еден од најбогатите реони со висококвалитетна шума во Р. Македонија.

Жителите од овој реон, во отсуство на официјална заштита од надлежното Министерство за земјоделие, преку јавен апел на социјалните мрежи најавија самоорганизирање со мртва стража и им откажаа добредојде на тендерашките фирми кои годинава добија дозвола за убиство на шумитe од страна на Ј. П. Антимакедонски Шуми.

Политичката партија Левица е категорично против најавата за уште еден шумска касапница и бара од Министерот за земјоделие Љупчо Николовски, ИТНО да го поништи тендерот и да ja спречи најавената сеча што може да биде причина за сериозен конфликт.

Инаку, оваа сеча е продолжение на минатогодишната изведена околу селото Папрадиште што предизвика огромна штета на шумскиот фонд, неповратно уништување на локалниот пат и ерозија на почвата.