Правда за жртвите – Нов протест во понеделник

  • Соопштение на неформалната група за Протест против убиствата на Онкологија

Повторно Ве повикуваме на протест во понеделник пред Влада, заедно во еден глас да го искажеме гневот и револтот против сиот криминалот кој со години се толерирал на Клиниката за Онкологија, но и во целосниот здравствен и политички систем. Нема да има социјална правда дур не се понесе одговорност за згаснувањето на животите на луѓето како резултат на корупцијата. Правда за жрвите мора да има!

Протестот од Влада ќе продолжи пред Зградата на ОЈО каде ќе побараме СУДСКА РАЗРЕШНИЦА за сите инволвирани во скандалот со Клиниката на онкологија, но и за обелоденување на информациите околу истрагата за трагедијата во модуларната болница во Тетово. Скорешните измени во Кривичниот законик нема да ги аболицираат инволвираните од нивните злосторства, доколку ние тоа не го дозволиме.

УЛТИМАТУМОТ од минатата недела не е исполнет, особено барањето ОЈО да излезе со детали за текот на истрагата во рок од една недела и поради тие причини протестите ќе ги ИНТЕНЗИВИРАМЕ.

Нашите барања и УЛТИМАТУМ од овој протест, се:

  1. Истрага за инволвираноста на поранешниот министер Венко Филипче и директорот Нино Васев
  2. Проширување на истрагата на работата на Детска онкологија
  3. Целосна ревизија на работата на Клиниката за Онкологија
  4. Правосилни судски пресуди за сите инволвирани во злосторството и криминалот на Онкологија
  5. Обелоденување на инфорамциите од истрагата за трагедијата во модуларната болница во Тетово!
    Се гледаме во понеделник во 18 часот!