Паѓа извозот на преспанското јаболко

  • Реакција на Левица – Земјоделски сектор

Преспанското јаболко влегува во загрозена категорија, производството и извозот одат во надолна линија. Од една страна е забраната од Русија за увоз на македонски производи поради санкциите кои антинародната влада ги стави спрема Русија, а од друга неповолните временски услови кои годинава го преполовија производството.

Ако на ова ја додадеме и масовната имиграција на младата работна сила во странство, можеме да заклучиме дека не му се пишува добро на домашното производство на јаболки, како и на целокупното земјоделство.

Минатата година биле извезени 15% помалку јаболка во споредба со претходната 2021, додека во првата половина на оваа година, пак, биле извезени за 22% помалку јаболка во споредба со истиот период лани.

Лажна е кампањата на Владата деновиве со која убедуваат за стотици милиони евра, пари од европските фондови за македонските земјоделци, додека на терен, полињата и нивите остануваат се повеќе празни, а нашите земјоделци заминуваат на нивите во Словенија, Италија и Швајцарија.