Пропагандата продолжува преку бугаризација во медиумскиот простор

Бугарската фондација „Македонија“ нуди бесплатно емитување на бугарски телевизиски канали во македонскиот етер.Тие ги повикуваат сите заинтересирани да им доделат уреди за нивните смарт телевизори и таблети за да можат да ги следат бугарските канали.

Ова е продолжување на кампањата на Бугарија за медиумско присуство во Македонија. Во Македонија веќе се следи бугарската национална телевизија БТВ 4 како и неколку музички канали како и канал за здрав живот.

Освен ова, популарна стана и информацијате дека некои од македонските тв оператори почнале да пренесуваат странски телевизиски програми синхронизирани на бугарски јазик. Потсетуваме дека Македонската телевизија во Бугарија и натаму е забранета.

Ваквото „влегување“ на бугарски телевизии и пренесување програми синхронизирани на бугарски јазик од домашните оператори многумина го оценуваат како класичен обид за влез на бугарската пропаганда во Македонија. Се отвора прашањето дали се потребни законски измени за заштита од насилната бугаризација, или пак можеби толерирањето на ваквите активности се дел од официјалната владина политика за „добрососедство“?

Меѓувремено, бројот на лажни профили, како и бугарски страници кои објавуваат бугарски пропаганден материјал и коментираат на објавите социјалните мрежи е драстично зголемен. Вагвата нагла појава ги оправдува сомневањата искажани во македонското Собрание за роварењето на бугарските служби во македонскиот етер.