Апасиев: Со промените на Деловникот СДС и ДПМНЕ сакаат да ја „укинува“ опозицијата

Понудената промена на Деловникот која власта и опозицијата сакаат насилно да ја протиркаат во Собрание е крајно штетна и опасна, ги претвора пратениците во чиновници, а се воведува двојазичност во Собранието и одиме кон дводомен парламент“, изјави лидерот на Левица, Димитар Апасиев.

Апасиев констатираше дека доколку се спроведат вакви измени во деловникот, пратениците нема да имаат никаква политичка моќ.

Новиот Деловник предвидува да бидам краток и јасен за пунликата, озлогласеното ЕУ-знаменце во иднина ќе биде за сите пратеници, џабе имате и 10 и 20 пратеници нема да можат да го блокираат Собранието. Собранието станува фабрика за закони, редовната постапка ќе биде како сегашната постапка со ЕУ-знаменце. Затоа мораме да бидеме со Борис во Собрание.

Со ваквите одредви, практично секој закон ќе биде донесен со ЕУ знаменце, амандманите нема да се разгледуваат, а филибастерингот како демократска алатка на опозицијата нема повеќе да постои, додаде лидерот на Левица.

И 500 и 1000 амандмани да поднесеш ништо, тоа ќе значи џабе имаш опозиција, штанцање на сите закони. Ние блокиравме првиот пат кога сакаа да работат од дома, потоа личните карти со етничка припадност, платите на судиите… Многу штетни закони кои ние ги блокиравме во иднина нема да може да се блокираат. Пратениците се претвораат во чиновници, се убива дуот на демократијата.

Апасиев додаде дека внатрешните прашања треба да се решаваат во Собранието без присуство на странски фактор или амбасади. Освен ова, тој укажа на давање тоталитарна моќ на владата со овој деловник.

Ај да воведеме еднопартиски систем. Ние се чувствуваме предадени затоа што ДПМНЕ го поддржува ова, тие договорија прослава во декември во Париз за “консензусот, се обединија опозиицјата и власта”… Проблематично е што имаме Жан Моне процес, немаме ние паметни луѓе? Еве Павел Шатев нека се вика…

Ова е внатрешно прашање, добро е да се види искуството во европарламентот, ама ова е гостинот да му наредува на домаќинот. Тие го договориле уште во минатиот состав ама веројатно поради Северна глумеле ама сега ќе си легнат на брашното. И се воведува двојазичност во Деловникот, ќе нема дрѓава во светот каде се претседава на македонски јазик, а ќе има три држави во светот каде се претседава на албански јазик, вели Апасиев.