Путин: Иницијативата „Еден појас, еден пат“ ги ги одразува длабоките промени во светската економија

  • Секвенци од говорот на Претседателот на Русија – Владимир Путин на церемонијата на отворање на третиот Меѓународен форум „Еден појас, еден пат“ (Пекинг, 18 октомври):

Не еднаш забележавме дека Русија и Кина, како и повеќето земји во светот, ја споделуваат желбата за еднаква, заемно корисна соработка со цел да се постигне универзален одржлив и долгорочен економски напредок и социјална благосостојба, притоа почитувајќи ја цивилизациската различност и правото на секоја држава на сопствен развоен модел.

Иницијативата „Еден појас, еден пат“, изградена врз такви основни принципи, добро се вклопува со процесите на интеграција што се развиваат во различни региони. Исто така, е во склад со руските идеи да се создаде интегративен контур каде што слободата на трговијата, инвестициите и работната сила ќе бидат целосно обезбедени и ќе се воспостави меѓусебно поврзана инфраструктура.

Агендата за интеграција во нејзината најширока смисла е составен дел од националната развојна стратегија на Русија и зајакнување на нашиот економски, технолошки и финансиски суверенитет, модернизација и проширување на инфраструктурата.

Создавањето меѓународни и регионални логистички и трговски патишта објективно ги одразува длабоките промени што се случуваат во светската економија, новата улога што ја играат земјите од Азиско-пацифичкиот регион, Глобалниот југ и другите центри на раст и развој.