Левица: Уште во техничката Влада – ДПМНЕ почна да одработува за Преспанскиот и ”Северна”

  • Соопштение на политичката партија Левица

ДПМНЕ се заложува за спроведување на „Преспанскиот договор“ уште во првиот ден од техничката Влада! Ова директно и недвосмислено го прави преку техничкиот Министер за Внатрешни работи, кој на грчката Амбасадорка Филипиду отиде да и соопшти дека ќе продолжи со воведувањето на дивоградбата „Северна“ во патните исправи на македонските граѓани.

Министерот на ДПМНЕ – Тошковски уште првиот ден отиде на „баци рака“ кај грчката амбасадорка и буквално да се извинува за неуспехот да се добави „Северна“ во македонските патни исправи и моли за продолжување на рокот за спроведување! Партијата која наводно беше ПРОТИВ „преспанскиот договор, а подоцна најавуваше негова ревизија уште во техничката влада ДПМНЕ ЗАПОЧНА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР!

Како и секогаш досега во историјата на независна Македонија, ВМРО-ДПМНЕ целосно потфрла во политиките кои го заштитуваат националниот и државен интерес, дозволува СДСМ и ДУИ да ја направат штетата на државата, а подоцна глумејќи жртва и амнестирајки се себеси од одговорност пред народот, ги спроведува штетните договори. Македонија не заборава дека со помош на ОСУМТЕ пратеници на ДПМНЕ беше извршена промената на Уставното име, како што сега гледаме спроведување на „Северна“ од истата партија.

Имајќи го во предвид сето ова, ваков однос од страна на ДПМНЕ очекуваме и по однос на договорот со Бугарија и т.н. „француски предлог“ за внесување на Бугарите во Уставот! Затоа Левица го повикува македонскиот народ мудро да донесе одлука за кого ќе даде поддршка на наредните парламентарни избори и и овозможи на Левица да ги блокира антимакедонските политики на широката бизнис коалиција на СДС, ДПМНЕ и ДУИ.