Фото-галерија од транспарентите и паролите со кои протестираат активистите на Левица

Веќе десет дена траат протестите против прифаќањето на „францускиот предлог“ со кој се врши бугаризација на Македонија.

Овој предавнички потег кој го приготвуваат Владата на СДСМ и ДУИ, а е под покровителство на европските бирократи за некоја замислена „повисока цел“, кои ги негира речиси сите атрибути на македонското постоење, како никогаш досега го обедини народот да излезе на улиците и непрекинато да протестира со денови.

Веќе традиционално кога станува збор за протести, активистите од Политичката партија Левица секогаш доминираат со своите транспаренти, пароли и перформанси за време на маршовите. Во прилог фото-галеријата каде можат да се видат дел од транспарентите и паролите кои секојдневно „шетаат“ низ улиците на главниот град.

Си играте со погрешната генерација
АСНОМ ЖИВЕЕ!
Партизаните не преговараат со фашисти
Сепак ние ќе победиме
Бугар Османи оди си од тука
Бугарски фашисти – европска вредност, Долу врховизмот
Стоп за бугаризација
No pasaran
Со фашисти не се преговара

Македонскиот јазик не е фуснота
Цветан Димов – Убиен крвнички од бугарската администрација
Она што ни пишува во срцето не можете да го избришете – МАКЕДОНИЈА
Бугар Османи
Партизаните не преговараат со фашисти
Вера Циривири – Трена – Убиена, посмртно силувана и избодена по цело тело од бугарскиот фашистички окупатор
Не може да ме попиташ – Може да те пошљакам!
Нов АСНОМ ќе направиме
Врие Македонец