Француската амбасадорка во Софија контра тврдењата на македонската влада: Нов предлог нема – овој е идентичен со првичниот што беше изгласан во бугарскиот парламент

Француската амбасадорка во Бугарија, Флоренс Робин, се прашува зошто Скопје тврди дека таканаречената втора, модифицирана верзија на францускиот предлог е подобра од првата. Таа беше категорична дека токму ЕУ ќе биде гарант за исполнување на условите од страна на Македонија.

Вчерашниот предлог на Франција до Бугарија и Република Македонија за решавање на спорот е идентичен со првичниот што беше изгласан во бугарскиот парламент,

стои во изјавата на Робин за Еуроњуз, каде исто така се вели:

Предлогот, не се разликува од првиот и целосно ги штити правата на малцинствата во Заедницата, вклучително и Бугарите. Документот е идентичен со првиот, веќе изгласан во бугарскиот парламент и не треба ново разгледување во нашата земја“

Францускиот дипломат нагласи:

Париз не изврши притисок врз Бугарија во спорот. Документот се одржува во духот на претходниот договор, кој бугарскиот парламент веќе го изгласа и нема потреба повторно да се разгледува. Ова е компромисен предлог. Не го ревидира, туку го рафинира претходниот документ. Воспоставивме рамка за добрососедство во односите меѓу двете земји и тоа ја потврдува посветеноста на Македонија во заштитата на правата на малцинствата во заедницата.“

Според нејзината изјава, Советот на ЕУ ја следи работата на Македонија и според тоа, секоја земја-членка го оценува напредокот, односно статусот на нашата земја зависи од нејзиниот напредок во програмата:

Преговорите не се започнати. Советот на ЕУ годишно го оценува напредокот на Македонија. Програмата за напредок ќе ја оценува секоја земја-членка. Ние ќе гарантираме.“