Министерот за надворешни работи Коѕијас поднесе оставка

Според Катимерини, грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕијас, си поднел оставка по вжештена дискусија на состанок на Владата. Според изворите, министерот бил исфрустриран поради недостигот на поддршка од страна на премиерот Ципрас во врска со нападите  од министерот за одбрана Панос Каменос.  Каменос е помал коалициски партнер во грчката влада кој го обвини Коѕијас за злоупотреба на јавни фондови и дека е близок човек на американскиот финансиер Џорџ Сорос. Не е јасно дали Ципрас ќе ја прифати оставката.

Ципрас ќе ја преземе привремено улогата на министер за надворешни работи. Како и дали ова ќе се одрази на билатералните односи со Македонија, останува да видиме.