Господнинот амбасадор на Холандија најверојатно имал перде

  • Фејсбук статус на Спасија Бежановска

Неговата екселенција, господнинот амбасадор на Холандија во „нашата земја“( не му го запомнив името, ама тоа не е важно, нели!?) во 2018 година најверојатно имал перде, па не можел јасно да види што сѐ се случуваше овде. Инаку сигурно гласно и остро би реагирал и протестирал против еден од најкрупните противуставни и коруптивни скандали чии спомени и последици ни се сѐ уште свежи.

Да, да немаше перде и да можеше јасно да гледа сигурно громогласно ќе извикаше- Што е ова? Какво е ова недемократско и неевропско однесување?- кога „нашите“ циркузанти од властодршци најбезобразно ја погазија волјата на македнскиот народ, изразена на Референдумот, со помош на нивниот најверен слуга, судството. Па фрчеаа противуставни и противзаконски одлуки и постапки, уцени, поткупи, амнестии, тендери итн.. само и само да се протурка агендата за промена на името против што застанаа мнозинството Македонци. Господинот холандски амбасадор сигурно ќе покажеше со прст и на неговите Европјани- емисари на ЕУ кои не само што не го осудија неевропското и недемократско однесување на нашата т.н. власт , туку отворено го поддржаа. Па така следеа ракувања и фотографирања со претставници и припадници на поранешниот режим, а меѓу нив и поранешен висок функционер.

Секако, господинот холандски амбасадор ќе станеше и ќе застанеше против сето тоа, а во одбрана не „европските вредности“, само да имаше чист вид. Само да немаше перде.