САД санкционира ирански и ирачки субјекти при кризна пандемија на коронa вирус

Иранска револуционерна гарда

И покрај тековната пандемија на коронавирусот, САД ја продолжија својата кампања за економски притисок со санкционирање на неколку ирански и ирачки субјекти за наводна поврзаност со Исламската Револуционерна Гарда (ИРГЦ). Канцеларијата за контрола на странски средства (ОФАК) при американското Министерство за финансии четвртокот објавија дека санкционирале вкупно 20 ирански и ирачки компании, службени лица и деловни соработници поради нивна наводна поддршкаа на Иранската Исламска Револуционерна Гарда. 

„Канцеларијата за контрола на странски средства (ОФАК) при американското министерство за финансии наведува 20 компании со седишта во Иран и Ирак, високи функционери и деловни соработници за обезбедување поддршка и дејствување во име на Исламската Револуционерна Гарда (ИРГЦ), како и снабдување и транспорт на воена опрема до терористичките милитанти во Ирак, поддржани од Иран, како што се „Катаиб Хизболах“ и „Асаиб Ахл Ал-Хак“, се вели во изјавата.

Во изјавата изнесени се следните обвинувања „криумчарење преку ирачкото пристаниште Ум Каср, перење пари преку ирачки прокси компании, продажба на иранска нафта на сирискиот режим, недозволена трговија на оружје со Ирак и Јемен, промовирање пропаганда во Ирак за поддршка на Исламската Револуционерна Гарда и нејзините милитантни групации, заплашување и закани кон ирачки политичари и искористување средства од фондови и јавни донации, кои наводно се наменети за религиозни институции, а се користат за надополнување кон буџетот на Исламската Револуционерна Гарда.“

„Иран креира мрежа од прокси компании со цел финансирање на терористички групи од целиот регион, вшмукувајќи ресурси од иранскиот народ и давање предност на терористички прокси организации пред основните потреби на иранските граѓани,“ обвини секретарот за финансии Стивен Т. Мнучин. „Соединетите Американски Држави прават големи исклучоци и одржуваат овластувања за хуманитарна помош, вклучувајќи и земјоделски производи, храна, лекови и медицински уреди и помагала за да му помогнат на народот во Иран при справување со коронавирусот.“

Одлуката за санкционирање на овие субјекти доаѓа во исто време кога американскиот држаавен секретар Мајк Помпео продолжува ссо неговите напади кон иранската влада. Помпео го обвини Иран дека му штети на сопствениот народ во време на пандемија од коронавирусот, истовремено напаѓајќи го Техеран за одбивањето на помошта од САД.

За возврат, Иран побара од САД да ги повлечат санкциите бидејќи ваквото блокирање предизвика големи хуманитарни проблеми. И покрај тоа што владата на САД претходно изјави дека ќе ги олесне санкциите против Иран, напротив, истата ги засили блокадите и санкционираше неколку ирански субјекти. ИР Иран е една од најпогодените држави од корона-вирусот каде бројот на жртви достигна 2.517. Санкциите кои САД ги наметна еднострано кон оваа држава дополнително придонесува за кризата со која се соочува иранскиот народ.


Извор: TeleSur