Јанчев: За СДС јас сум радикал а дезертерот и воениот злосторник Џафери почитуван претседател

Статус на Саше Јанчев, член на Централен Комитет на Левица и модератор на ЛО Гевгелија


„Ова на Заев муабетот дека Левица е радикален елемент и ова на Латас со споредбата со Шешељ и талибанци многу ме потсеќа на една случка од пред неколку години.

Имаше протест во Струмица против отварање на рудникот на смртта во Иловица. Одам на протестот и луѓето од организациите кои се борат да го спречат рудникот ми викаат дека претходната вечер ги викнале во полициска станица во Струмица. Таму имало луѓе од МВР дојдени од Скопје кои им рекле дека на утрешниот протест ќе дојде екстремист или терорист (не се сеќавам на правиот термин) од Левица од Гевгелија и ќе фрли Молотов коктел на протестот.

И тогаш си реков Талат Џафери, кој 2001 дезертираше од АРМ, крадејќи ја униформата и оружјето, кој потоа беше командант на бригада на ОНА, за СДС е почитуван претседател на Парламентот, а јас сум екстремист. Ајде мајката (sic)

А сега си додавам, за ДПМНЕ кои ги амнестираа воените злосторства на ОНА и од Талат Џафери направија почитуван министер за одбрана, а од ДУИ почитуван коалиционен партнер за во Влада, Апасиев и Левица се екстремисти, Шешељ, талибани.

Но, во право се. Левица навистина е составена од радикали и екстремисти. Радикално и екстремно е се што е дијаметрално спротивно од нешто друго. А целта на Левица е да направи се спротивно од тоа што овие две загрижени групички правеа 30 години.

Туку ова настрана, анкетите викаат дека после избори мнозинството во советите може да зависи од советниците на Левица. А ако зависи од Левица мнозинство во советите тогаш бандитски политики малку потешко. И од тука иде целата паника и здружениот напад.

Тек ќе има паника.”