Ги снема Бугарите: Само 169 лица од Македонија пријавени да гласаат на изборите во Бугарија

Само 169 лица од Македонија се пријавиле да гласаат на парламентраните избори во Бугарија што ќе се одржат на 2 април, објави бугарското Министерство за надворешни работи. Засега нема споделено информација дали Христијан Пендиков, самоосвестениот македонски Бугарин се стекнал со право на глас.

Најмногу пријавени за гласање има во Кавадарци 42, во Прилеп 41, Тетово 40, Струмица 20, во Скопје 14 и во Битола девет. Според резултатите од последниот попис на населението во Северна Македонија, како Бугари се изјаснија 3.504 лица. 

Бугарската Централна изборна комисија соопшти дека вкупно се пријавиле 47.389 лица кои ќе можат да гласаат во амбасадите и конзулатите на Бугарија во странство.

Најголем број пријавени има во Турција – 28.286, во Велика Британија – 3.343, во Германија 3.289 и во Шпанија 1.602.