Левица: Додека власта ја сонува ЕУ, децата во градинките јадат скапано овошје

  • Реакција на Левица – Социјален сектор

Откако Левица преку реакција реагираше дека, додека функционерите трошат милиони буџетски средства за бадеми и лешници, децата во градинките јадат паштети, МТСП побрза да воведе кампања за здрав оброк во градинките.

По неполна година од воведувањето на овој “здрав оброк” , преку кој децата во предшколска возраст треба да добиваат по два килограма овошје неделно, може да се каже дека истиот е сѐ, само не здрав.

Додека власта брза кон ЕУ преку уставни измени, најмалите и најмилите, во градинките јадат расипано овошје.

Се води кампања „Здрав оброк за секое дете“ од страна на министерот за земјоделие Николовски и министерката Тренчевска, кои тврдеа дека: „производите како кајсии, праски, сиви, круши јаболки се од прва класа произедени во домашни овоштарници под строг мониторинг на ДИЗ и АХВ кои ќе го контролираат квалитетот и безбедноста, но реалноста е сосем нешто друго.

Секојдневно родителите чии деца одат во градинка, се жалат дека нивните деца добиваат расипано овошје за ужинка, како и несодветна храна за нивна возраст.

Министерката Тренчевска ветуваше дека посебно ќе се заложи за најмалите и дека ќе направи целосна ревизија на нормативите и стандардите за исхрана и оброци на децата во детските градинки, во насока на нивно унапредување и усогласување со потребите за правилен раст и развој на децата, но и понатаму гледаме дека воопшто не се води грижа што јадат децата во градинките.

Децата се нашето најголемо богатство и одговорност за ваквото несовесно однесување на надлежните мора да има!