Бројот на средношколци на историски најниско ниво

На почетокот на учебната 2023/2024 година бројот на учениците во редовните основни училишта изнесува 182.124, што претставува намалување за 1,6% во споредба со претходната учебна година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бројот на учениците во редовните средни училишта, на почетокот на учебната 2023/2024 година изнесува 67.278, што претставува намалување за 2,8% во споредба со претходната учебна година.

Едноставна математика покажува дека бројот на основци за само една година се намалил за 2.975 ученици – од 185.099 колку што сме имале лани на годинашните 182.124.

Според податоците на ДЗС, во Македонија на почетокот на учебнава година има 955 основни училишта (едно помалку од лани) со 11.103 паралелки (13 помалку од лани) и 18.831 наставник (219 помалку од лани).