(Видео) Крмов: Информациите кои ги лиферуваше ДЗС се неточни

Откако денес не се појавија новинари на прес-конференцијата во Собранието на Република Македонија свикана од пратеникот Борислав Крмов, тој се обрати до јавноста преку видео повик во Канал-5 Телевизија.

Пописот оди тешко. Тие бројки кои што ги лиферуваше Државен завод за статистија се смешни. Значи, во минатите седум-осум дена колку што трае пописот, четири дена не им работеше апликацијата, воопшто. Така да, дека тие стигнале до некаква бројка 400 000 над 400 000 апсолутно е невозможно. Нашите информации велат дека во урбаните средини, посебно во зградите луѓето не отвораат врата. Значи, дека они имаат сериозен проблем да попишуваат во урбаните средини. А во руралните средини дека дури и физички биле отстранувани попишувачите. Што значи дека и во руралните средини отпорот е многу силен.