НР Кина донира 100 милиони долари за Куба!
Кубанскиот амбасадор во НР Кина Карлос Переира и потпретседателот на кинеската агенција за меѓународен развој и соработка Танг Венхон,г во средата потпишаа договор за соработка со кој се официјализираше донација од 700 милиони јуани, т.е. 100 милиони долари.
„Потпишавме договор за соработка со кој се формализира донацијата од 100 милиони долари што НР Кина ни ја додели за време на посетата на претседателот Мигел Дијаз Канел во ноември 2022 година“, напиша кубанскиот амбасадор на Твитер.
Според официјалниот претставник, донацијата „ќе биде наменета за реализација на проекти од големо општествено значење“. Переира рече дека тоа е ратификација на „стратешкото учество на НР Кина во нашите планови за економски и социјален развој“.
Во таа насока, Переира и Венхонг разговарале за постигнатиот напредок во агендата за билатерална соработка и имплементацијата на договорите постигнати за време на официјалната посета на кубанскиот претседател на НР Кина.
Кубанскиот претседател на крајот на ноември беше во официјална посета на Кина што беше оценета како задоволителна и над неговите очекувања.
Кинеската влада е посветена на развој на Куба врз основа на соработка, рече тогаш Дијаз-Канел, нагласувајќи ја биотехнологијата, енергетскиот сектор и областите на информатичката технологија и сајбер безбедноста во соработката меѓу двете нации. Куба и НР Кина исто така развиваат билатерална соработка во образованието и науката.
Дипломатските односи меѓу двете нации датираат од 1960 година, а Куба беше првата земја од Латинска Америка која воспостави врски со НР Кина.