Русија ќе го лансира првото вселенско летало на Месечината после 47 години

Во петок 11 август, Русија ќе го лансира првото вселенско летало кое ќе слета на Месечината после 47 години.  Русија е во трка со Индија кој прв ќе стигне до јужниот пол на Месечината, и ќе открие потенцијален извор на вода. Воедно Русија сака и да ја тестира новата технологија за меко слетување на своите летата.

Лансирањето од космодромот Восточни 5.550 километри источно од Москва, ќе се случи четири недели откако Индија го испрати својот лунарен лендер Чандрајан-3, кој треба да слета на 23 август, пренесува Хина.

Нерамниот терен го отежнува слетувањето, но Јужниот пол е ценета дестинација бидејќи научниците веруваат дека може да содржи значителни количества мраз што може да се користи за извлекување гориво и кислород, како и вода за пиење.

Руската вселенска агенција Роскосмос потврди за Ројтерс дека на нејзиното летало Луна-25 ќе му требаат пет дена да лета до Месечината, а потоа ќе помине пет до седум дена во орбитата на Месечината пред да слета на едно од трите можни места за слетување во близина на полот. Тоа значи дека руската мисија би можела тесно да го победи индискиот ривал.

Роскосмос рече дека двете мисии нема да се мешаат една со друга бидејќи имаат различни планирани области за слетување.

„Нема опасност од меѓусебно мешање или судир. Има доволно простор за сите на Месечината“, истакнаа од Роскосмос.

Планирано е индискиот Чандрајан-3 да спроведува експерименти две недели, додека Луна-25 ќе биде на Месечината една година.

Во април, јапонската вселена не успеа да го направи првото слетување на Месечината од страна на приватна вселенска компанија.

Со тежина од 1,8 тони и 31 килограм научна опрема, Луна-25 ќе користи топка за да земе примероци од карпи од длабочина до 15 сантиметри за да тестира присуство на замрзната вода што може да поддржува човечки живот.

„Месечината е седмиот континент на Земјата, така што ние сме едноставно „осудени“ да ја скротиме“, вели Лев Зелени, вселенски истражувач во Руската академија на науките.

Лансирањето, првично планирано за октомври 2021 година, беше одложено речиси две години.

Европската вселенска агенција планираше да ја тестира својата навигациска камера Pilot-D со приклучување на Луна-25, но ги прекина врските со проектот откако почна конфликтот меѓу Русија и Украина во февруари минатата година.

Жителите на едно село на далечниот исток на Русија ќе бидат евакуирани од своите домови во петок во 7:30 часот поради „можност од еден према милион“ да падне ракетниот стабилизатор што се отфрла од сателитот токму врз нивното село, изјави локален функционер.