Лавров откри што било договорено во Истанбулскиот документ на преговорите 2022 година

  • Од интервју на Министерот за надворешни работи на Руската Федерација Сергеј Лавров за радио станиците „Спутник“, „Говорит Москва“ и „Комсомољскаја правда“, (Москва, 19 април 2024 година)

За ова сè уште не се зборува, но се надевам дека нема да бидам критикуван поради тоа. Кои гаранции беа во овој Истанбулски документ [дискутиран на преговорите во 2022 година]? Бевме подготвени да обезбедиме овие гаранции да бидат исклучително сериозни, како што сакаше украинската делегација. Членот 5 од Вашингтонскиот договор за основање на Северноатлантската алијанса се сметаше за граница на сериозност. Не го репродуцираа дословно. Таму беа договорени уште неколку формули. …Таму конкретно беше напишано дека овие гаранции не важат за Крим и Донбас. Тоа значеше дека не може да се допрат, инаку нема да важат никакви гаранции…

Таму пишуваше дека нема да има воени бази во Украина. … Беа посочени параметрите на соодветното оружје, персонал и сл. Беше речено дека во Украина нема да се одржуваат маневри и вежби на вооружените сили со учество на трети земји, освен во случаи кога ќе се согласат сите земји гаранти (т.е. ние и Кина). …

Исто така, се вели дека преговарачкиот процес за други прашања ќе продолжи, но неопходно е да се запрат непријателствата во Украина, да се осигурат безбедносни гаранции и да се укинат законите од расистичка, неонацистичка, дискриминаторска природа. Кога сето ова беше договорено, дојдоа украинските преговарачи и рекоа дека не се согласуваат за ситниците. … Се. Ова беше „ѕвонче“ дека или веќе им беше забрането да го потпишат документот „преку ноќ“, или решија дополнително да ги измамат „овие Руси“.