Што Полска се обидува да скрие во врска со почетоците на Втората светска војна?

Советските дипломати ги предупредуваа своите полски колеги дека Полска ќе доживее пропаст доколку не ја промени својата политика.
Германија ќе ги предаде и ќе ги уништи кога ќе дојде времето за тоа.

На 20.12.2019 рускиот претседател Владимир Путин јавно излезе со остра реакција во врска со колективните лаги изнесени за почетоците и текот на Втората светска војна од страна на западните политичари и медиуми, каде што СССР се обвинува како земја иницијатор на војната. Неколку дена подоцна го нападна и Јосиф Липски, полскиот амбасадор во Берлин од касните 30-ти и го нарече „копиле и антисемитска свиња“ затоа што јавно им се додворувал на нацистите пред војната и изјавувал дека Полска треба да подигне убава статуа на Хитлер во сред Варшава затоа што сака да ги протера Евреите од Европа во Африка. Како реакција на Путин, од полскиот парламент најавија закон со кој „ќе се криминализира ширењето на лаги во врска со почетоците на Втората светска војна“.

Минатиот август, канадскиот премир Џастин Трудо изјави дека жали за Пактот за ненапаѓање помеѓу Германија и СССР, склучен на 23. август 1939. Трудо ги изедначи СССР со Нацистичка Германија во носењето на „невидени страдања на луѓето ширум Европа“. Очигледен е фактот дека Трудо нема поим за историјата и случувањата во Втората светска војна, но проблемот е што тој не е единствен што така размислува и толку знае. Неколку недели подоцна, Европскиот парламент во Стразбур одобри резолуција скоро идентична со изјавата на Трудо каде што се вели дека „Нацистичко-советскиот договор за ненапаѓање го отворил патот за избувнувањето на Втората светска војна“. Се претпоставува дека резолуцијата е предложена од група на полски европратеници кои се дел од десничарската ЕКР(Европски конзервативци и реформисти) група во Европскиот парламент. Во 2008, Европскиот парламент го прогласи 23. август како „празник“ за одбележување на жртвите од нацистичкиот и комунистичкиот „тоталитаризам“, како и потпишувањето на договорот за ненапаѓање помеѓу Хитлерова Германија и СССР. Источноевропските држави и парламентот на НАТО(под водство на САД) го подржаа воведувањето на тој „празник“.

Полска како држава беше повторно воспоставена по крајот на Првата светска војна. Тоа беше предводено од конзервативните полски националисти кои се обидуваа да ја воспостават Полска во границите од 1772. Полскиот Генерал(подоцна Маршал) Јосиф Пилсудски веднаш по основањето започна со планови за проширување на Полска од источните граници према Белорусија и Украина, што подоцна ќе доведе до војна со СССР. Пилсудски со неговите иридентистички амбиции, уште во декември 1919 испрати неофицијални претставници во Париз, како би добиле француска подршка во врска со неговите планови за голема источна офанзива, планирана за пролетта 1920.

Позицијата на Париз беше од исклучително значење бидејќи Франција беше клучен сојузник и најголем снабдувач со оружје на Полска. Французите беа внимателни како не би ја подржале отворено полската офанзива, изјавуваќи дека тоа не е нивно да се мешаат и за таа работа може само полската влада да одлучи, додека истовремено трупаа француско оружје во Варшава. Француската држава беше длабоко непријателски настроена према Советска Русија и сакаше да ги искористи сите можни начини како би ги ослабиле, макар тоа било и војна со Полска. А Пољаците имаа свои амбиции да ги освојат одамна загубените гранични територии вкучувајќи го и Киев, територии со кои во изминативе шест века беа причина за многу несогласувања и војни помеѓу Пољците, Литваниците и Русите.

Пољаците, користејќи ја политичката нестабилност во Русија по Октомвриската револуција, започнуваат офанзива према исток на крајот на април 1920, и веќе во мај истата година стигаат во Киев. Црвената армија се повлекува од Киев, се реорганизира и врши контраофанзива со која ги принудува Пољаците да се повлечат. Тоа повлекување се претвара во дебакл за полската армија и веќе во почетокот на август истата година Русите стигаат до Варшава. Потоа, Пољаците успеваат успешно да го одбранат својот главен град и да започнат сопствена контраофанзива по која Црвената армија се повлекува од Варшава.

Веќе во октомври е потпишан прекин на огнот, а во февруари наредната година (1921) во Рига е потпишан и мировен договор помеѓу Полска и СССР. На Пољаците ќе им беше подобро да го предвидеа исходот пред да ја започнат инвазијата, или пак да го прифатеа претходниот предлог за прекин на огнот од страна на Москва, бидејќи со договорот во Рига останаа со помала територија него таа што имаа пред да ја започнат иредентистичката офанзива. Меѓутоа сепак на територијата на Полска останаа региони кои беа со мнозинско белоруско и украинско население. И затоа ниедна од страните не беше задоволна од исходот на мировниот договор, ни Полска не дојде до границите од 1772, а ни СССР не ги доби териториите кои ги сметаше за свои. И така уште на почетокот беа поставени лоши темели во односите помеѓу Полска и СССР.

За време на 20ите години од минатиот век, Советската влада се обидува да ги подобри односите со Франција и бидејќи Полска е француски сојузник, се обидува да ги поправи односите и со Полска. За жал, ни Франција ни Полска не се заинтересирани за советските обиди. Во мај 1926, гореспоменатиот генерал Пилсудски врши воен удар во Полска и добива (квази)диктаторска моќ која ја одржува до неговата смрт во мај 1935. Неговото владеење е обележано со антисоветска реторика и одбивање на било какво подобрување и затоплување на односите со СССР. Тогаш, како и денес, во цела Европа владее русофобија и советофобија.

Проблемите се продлабочија кога во 1933 во Германија на власт доаѓа Адолф Хитлер. Пред Хитлер да ја преземе власта, советската влада одржуваше толерантни политички и економски односи со Вајмарска Германија, кои беа овозможени преку договорот во Рапало во 1922. Меѓутоа, новата нацистичка влада се откажа од таа политика и започна пропагандна кампања против Советскиот Сојуз. Тоа го вклучи алармот во Москва. Првенствено, советските власти се надеваа дека со промената на власта во Германија нема да дојде до промена на договорот од Рапало, но набрзо таа идеја беше отфрлена, откако видоа колку е часот. Во декември 1933, советската влада, односно Политбирото, започна нова политика заснована врз колективна безбедност и взаемна помош против нацистичка Германија. Советската идеја беше повторно воспоставување на антигермански блок составен од СССР, Франција, Велика Британија и САД. Иако јавно не беше наведено, тоа беше политика на ограничување на Нацистичка Германија и подготовка за војна, доколку ограничувањето не успее. Лигата на нациите исто така стана важен елемент на зајакнувањето и подготвувањето советската стратегија против Нацистичка Германија. СССР ќе стане членка на Лигата во 1934 година.

Советскиот Сојуз, повторно како и во 1920тите се обидува преку Франција да ги затопли односите со Полска и во 1934 за првпат се појавува надеж дека односите ќе се подобрат кога се сретнуваат полски и советски дипломати. Меѓутоа, истовремено Пољаците се обидуваат да ги подобрат односите и со Нацистичка Германија, на што дури и Французите изразуваат загрижување. Неколку месеци подоцна на 26. јануари 1934 година, Полска и Нацистичка Германија потпишуваат пакт за ненапаѓање.

Од тој момент, повторно советско-полските односи одат по надолна линија. И покрај инсистирањето на советскиот комесар за надворешни работи Максим Литвинов, на средбата во Москва наредниот месец со неговиот полски колега Јосиф Бек, дека на нацистите не може да им се верува и дека тие (нацистите) ќе ја искористат првата прилика за да ги остварат своите болни територијални амбиции, а тоа значи дека не е ниту Полска поштедена, Пољаците се смеат и се самоуверени дека невозможно е Германците да ја нападнат Полска или да предизвикаат војна во цела Европа, а самиот договор е доказ дека Хитлер има до знаење дека Полска како држава е важен играч во регионот.

Записите на Литвинов од овој состанок со неговиот полски колега Бек биле толку пророчки и впечатливи, што советските власти ги декласифицирале и објавиле во јавност уште во 1965. Останува да се прашуваме дали Бек се сетил на тој разговор со Литвинов 5 години подоцна кога избегал од Варшава на 4. септември 1939, пред Вермахтот да го освои градот.

По неуспешните преговори со Бек, Литвинов заклучил дека дефинитивно е невозможно да се соработува со Полска, како би се заштитиле од Нацистичка Германија. Полска дури почнува да ја подржува Германија во блокирањето обидите на СССР за создавање колективен безбедностен систем во Европа. Ситуацијата станала таква што дури францускиот министер за надворешни работи Луј Барту изјавил дека не треба повеќе да се грижи Франција за Полска и дека треба да почнат да соработуваат повеќе со СССР. Меѓутоа, за жал таа идеја остана нереализирана бидејќи Барту беше убиен во октомври 1934 во Марсеј за време на атентатот врз југословенскиот крал Александар.

Пролетта 1934-та, советските дипломати забележуваат дека Полска се обидува да предизвика конфронтација со Чехословачка околу прашањето за округот Тешин, кој се наоѓал во тогашна Чехословачка, а бил населен со Пољаци. Полскиот амбасадор во Москва тоа го споредува со таканаречното „Австриско прашање“ и вели дека исто како што припојувањето на Австрија со Германија е неизбежно, така е неизбежно и припојувањто на округот Тешин со Полска. Времето ќе покаже дека таа формула со „неизбежни“ припојувања е осудена на пропаст.

Полската елита всушност никогаш не ја ни криеше својата наклонетост кон Германија и воопшто не се ни трудеше да воспостави пријателски односи со СССР. Дури ни обидите на зближување на Полска со СССР во 1934 не биле искрени обиди за подобрување на односите, туку беа испланирана игра на Полска како би го привлекла вниманието на Германија. Сите обиди на СССР за колективен безбедносен систем во Европа беа саботирани од страна на Полска. Без плод вродија и сите советски предупредувања кон Полска дека доколку продолжат да бидат во пријателски односи со Нацистичка Германија, Германија во одреден момент ќе и заврти грб на Полска и ќе ја уништи. Но, Пољаците се смееа на тие предупредувања и продолжуваа со својата антисоветска реторика и не пропуштаа прилика да го критикуваат СССР низ цел свет преку своите дипломати и амбасади.

Во март 1938, Австрија беше припоена со Германија и престана да постои како држава. Вермахтот измаршира низ Виена без ниту еден испукан куршум. Следната цел на Хитлеровата Германија беше Судетската област во Чехословачка населена со германско население. Во април истата година, месец дена по припојувањето на Австрија во Германија, советското министерство за надворешни работи испраќа инструкции до советскиот амбасадор во Париз да започне прес кампања преку која ќе ги предупреди уште еднаш Пољците и Европа, дека ако ја продолжат нивната про-германска политика ќе дојде до „четврта поделба“ на Полска и нејзино повторно уништување. Французите, кои беа се’ уште сојузници со Полска, му поставуваат прашање на полскиот амбасадор во Париз, што ќе направи Полска доколку Германија изврши инвазија во Чехословачка и неговиот одговор беше „Ништо, меѓутоа ние ги сметаме Русите за непријатели и доколку тие пробаат да ја одбранат Чехословачка така што би поминале низ полска територија, ние ќе им се спротиставиме со сила и ќе ги нападнеме“.

Полското раководство ги сметаше Русите дека се секогаш „непријател број 1“ без разлика кој е на власт, дали комуниститe или монархистите. Едвар Ридз-Шмигли, врховниот командант на Полските вооружени сили има изјавено дека „на Русите не може да им се верува бидјеќи не се европејци (за разлика од Германците), туку се варвари и азијати“ и дека со нив не постои компромис. Така Полска, како сојузник на Нацистичка Германија, учествува во инвазијата врз Чехословачка и си го зема својот дел од колачот, односно округот Тешин, а Чехословачка беше изверена од своите сојузници Франција и Британија кои наместо да се спротистават на Германија и Полска, со Минхенскиот договор ја признаа новонастанатата ситуација.

И покрај се, Полска имаше уште една шанса да се спаси. На почетокот од 1939, почнуваат преговори помеѓу СССР, Британија и Франција за организирање на отпор против понатамошни Хитлерови агресии. На тие разговори беше поканета и Полска, меѓутоа полската влада одби да учествува во било каква организација во која учествува и Советскиот Сојуз. За волја на вистината, ниту Франција и Британија не беа сериозни за одбранбен пакт со Советскиот Сојуз против Нацистичка Германија. И во тие услови , по сите неуспешни обиди на СССР да направи пакт со европските држави за колективна одбрана од нацистите, на Советите не им остана ништо друго освен да потпишат договор за ненапаѓање со Германија на 23. август 1939. Тој договор беше директна последица на британската, француската и полската политика, особено Минхенскиот договор со кои ја предадоа Чехословачка, а на кој воопшто не беа повикани претставници од Чехословачка и СССР. А на Полска и се случи буквално тоа што Советите предупредуваа дека ќе и се случи и на кое Пољаците се смееа – од нацистички сојузник, стана нацистичка жртва.

И тоа е делот од историјата која Полска го крие и го извитоперува во своја корист, како би се совпаднала историјата со денешните антируски наративи кои владеат во Полска. Огорченоста на полската влада, подржана со коментари од игнорантните американски амбасадори во Варшава и Берлин е чиста пропаганда базирана на политички мотивирана лажна историја, додека минатонеделните изјави на Путин во врска со улогата на Полска пред почетокот на Втората светска војна се подржани со факти, подржани со архивирани записи и докази.


PhD Michael Jabara Carley: превод од strategic-culture.org

*Авторот е професор по историја на Université de Montréal, Canada