„Не“ за ДПМНЕ значи „Да“ – Партијата оди на дебата за уставни измени
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе учествуваат во дебатата за Предлогот за уставни измени на собраниската Комисија за уставни прашања што претседателот на Собранието Талат Џафери ја закажа за вторник, 25 јули во 10 часот.
–Пратениците ќе учествуваат во дебатата, каде јасно ќе ги кажат аргументите против уставните измени и набргу ќе стане јасно дека за нив власта нема мнозинство, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ за МИА.
Владата во вторникот до Собранието го достави предлогот за уставни измени. Интервенциите во Уставот, како што посочија од Владата, се однесуваат на додавање делови од народи во Преамбулата и членовите 49 и 78 од Уставот, при набројувањето на деловите од народи во државата.
Во формулацијата: „Граѓаните на Република Македонија, македонскиот народ, дел од албанскиот народ, турскиот народ, влашкиот народ, српскиот народ, ромскиот народ, бошњачкиот народ и другите“, после зборот бошњачки народ се става запирка и се додава: бугарскиот народ, хрватскиот народ, црногорскиот народ, словенечкиот народ, еврејскиот народ и еѓипќанскиот народ. Согласно ова, направена е измена и во Комитетот за односи меѓу заедниците за запазување на париретот на претставниците во Парламентот на сите вака утврдени заедници во Преамбулата на Уставот.