Изложба „Римски монети во Брегалничкиот регион“ во Штип

На 24 јули (понеделник) ќе се отвори нумизматичката изложба „Римски монети во Брегалничкиот регион“во уметничката галерија Безистен, со почеток од 20:00 часот.

Ова  подрачје  во  римскиот  период  влегува  во  границите  на  две  провинции.  Средниот  и  горниот  тек  на  Брегалница  влегуваат во римската провинција Тракија, а подрачјето на Овче Поле во границите на провинцијата Македонија.