(Видео) Исмаил кон Славевски: Застапувате интереси на крупниот капитал и не можете да избегате од тоа

На последната седница на Советот на Град Скопје, советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, откако претходно, заедно со СДСМ изгласаа одлуки со кои на големите трговски центри и маркети низ Скопје им овозможија да профитираат од наплата за паркинг и на тој начин им ја легализираа нелегалната трговска активност за вршење на јавна услуга, паркинг, сега покренаа „Иницијатива за информација за паркиралиштата во Град Скопје“?!

Симптоматично беше тоа што овие одлуки се провлекуваа на сите седници уште пред 5 месеци, и ниту еднаш не беа донесени и покрај тоа што ништо во меѓувреме ништо не се смени, претходната Седница на овие одлуки поддршка даде и советничката група на СДСМ преку Претседателот на Советот, Трајко Славевски.

По однос на оваа точка збор зема координаторот на советничката група на Левица во Град Скопје, Реџеп Исмаил-Хактан, кој во својот говор се осврна на класните консеквенци на овие политички одлуки на Советот.