Русија го демантира Киев: Ракетите Точка-У со каква беше погодена железничката станица Краматорск ги користат само украинските вооружени сили

Министерството за одбрана на Русија, забележува дека тактичките ракети Точка-У, чии фрагменти беа пронајдени во близина на железничката станица Краматорск, ги користат само украинските вооружени сили. Со ова Русија го демантира Киев во врска со обвинувањата за наводниот ракетен напад врз железничката станица Краматорск на 8 април, каде загинаа најмалку 30 луѓе а над 100 се повредени. 

Сите изјави на претставниците на националистичкиот режим во Киев за „ракетниот напад“ наводно извршен од Русија на 8 април на железничката станица во Краматорск се провокација и се апсолутно невистинити, стои во соопштението на Министеството.

Руското министество уште и додава дека токму на На 14 март 2022 година, ракетна бригада на вооружените сили на Украина го нападнала центарот на Доњецк со слична ракета Точка-У, како резултат на што 17 лица загинаа на лице место, а 36 цивили беа повредени, сугерираќи дека дека нападот бил изведен за да се попречат напорите за масовна евакуација во Краматорск.

Украинскиот претседател Зеленски тврди дека станува збор за ракета Точка У лансирана од „руски чудовишта“. Но спека, официјланите претставници на вооружените сили на Украина велат дека станува збор за руски проектил „Искендер“.