Малема: Западот практикува двојни стандарди во секој конфликт, медиумите се нивни слуги

Јужноафриканскиот политичар и активист Јулиус Село Малема кој е член на парламентот и претседател и на левичарската партија Борци за економска слобода се обрати по повод воената конфликт во Украина.

Малема во своето обраќање зборуваше за односот на земјите од Западот кон конфликтот во Украина, споредено со конфликтите ширум светот кои се случуваа претходно иницирани од нивна страна.

„Кога НАТО го уби Моамер Гадафи, западните медиуми тоа го нарекоа ‘воена интервенција’ и повеќе не беа заинтересирани да известуваат за злобната воена акција предводена од Обама која ја остави Либија во уште полоша состојба.“

Тој потсети на односот на САД и Обединетото Кралство за време на нивната агресија против Ирак, бројните лаги изнесени од нивна страна со цел да го оправдаат воените злосторства кои ги правеа.

„Џорџ Буш и Тони Блер лажеа дека Садам Хусеин има оружје за масовно уништување само за да го нападнат Ирак. Откако ја уништи земјата и го зароби Садам Хусеин, кој на крајот беше погубен, Буш рече: ‘Не знаеме дали (Ирак) имал нуклеарно оружје или не’. И двајцата кои ја проектираа трагедијата што предизвика смрт на над 250.000 луѓе, дури и не беа повикани на одговорност за воени злосторства. Западните медиуми нив никогаш не ги прикажаа во лошо светло.“

Малема исто така потсети на важната улога која ја имаат медиумите во секој конфликт, нагласувајќи ја агресивната пропаганда на западните медиуми, кои наместо објективно известуваат согласно потребите на владетелите од западниот свет. Тој потсети дека тоа се случувало претходно, се случува и денес во однос на конфликтот во Украина.

„Западните медиуми нема да ви кажат дека Украина ги тера Луганск и Доњецк да бидат дел од неа, и покрај тоа што мнозинството луѓе ја избраа независноста на референдум. Она во што сакаат да ве убедат е дека Владимир Путин е насилник кој ја малтретира Украина за свое задоволство. Западните медиуми нема да ви кажат дека целта на Кремљ не е да го погази суверенитетот на Украина, туку да опстане против НАТО и САД, кои инсистираат на влез на Украина во НАТО, откако ги прибра сите други источноевропски земји, Бугарија, Естонија, Латвија, Литванија, Романија, Словачка и Словенија.“

Своето излагање тој го заокружи со потенцирањето на двојните стандарди кои ги практикуваат САД и Европската Унија по идентични прашања.

„САД може да ја признае независноста на Тајван, но Русија не може да ја признае независноста на Луганск и Доњецк. САД може да го признае Ерусалим како главен град на Израел, но Русија не може да го врати својот народ од Крим откако тие на референдум изгласаа да им се присоединат. Западните медиуми сакаат да ве убедат дека Западот е секогаш во право, додека Русија и Кина се вечни лоши момци.“