Концерт на флејта и пијано во Штип

Вечерва 6 септември, со почеток во 20:00 часот, на големата сцена на НУЦК “Ацо Шопов“ во Штип, ќе биде одржан концерт на флејта и пијано. Ќе настапат: Д-р Невенка Дуковска на пијано и м-р Ване Аревски на флејта, со изведба на дела од:

К. Тодоровски – Песна
В. Атанасов – Фантазија за обоа и пијано / флејта и пијано
В. Атанасов – „Кажи ми кажи Катинке“
Т. Прокопиев – „Дојранка“, Свита за флејта и пијано
С. Иванов – „Дафино вино црвено“
С. Иванов – „Ајде слушај, слушај“
И. Еминовиќ – „Пајдушко“
Г. Смокварски / В. Атанасов арр. – „Тешкото“

Влезот за концертот е бесплатен