На денешен ден ’43, Бугарските фашисти ѕверски ги убија Мирче Ацев и Страшо Пинџур

На денешен ден, 4 јануари 1943, во Скопскиот затвор, после сурово и нечовечко мачење, од страна на бугарскиот фашистички окупатор, убиени се македонските херои Мирче Ацев и Страшо Пинџур. Во „Историја на македонскиот народ“ објавена во Скопје, 1981 година (стр 328-330), Мирче Ацев и Страшо Пинџур опишани се како:

Два македонски сина, кои вистински го сакаја својот народ и неговата срекја и слобода. Това беја синови на чесни македонски фамили, кои во борбата за македонскиот народ дадова по неколку свои чеда. Мирче е син на прочуената Ацевска фамилија од Прилеп. Неговите чичковци славно загинаја за слободата на Македонија. Мирче Ацев беше долго години војвода и загина во село Крапа од пропагандата борееки се и заштитуеки ја македонската слобода од империјалистичките апетити. Другиот му чичко Илко, пак долгогодишен македонски војвода, загина во борба со поробителите на Македонија, Турците во село Уланци (Велешко). А третиот му чичко Петре, после осумнаесет годишно војводуење и славни борби за Македонија умре во Пловдив.

Страшо Пинџур е од чуената фамилија Пинџуровци, от с. Ваташа, Кавадарско. Татко му (Димитар Пинџуров загинат во Првата Светска Војна) беше долгогодишен комита и ополченец и најпосле беше отепан од големосрпските хегемонисти. Неговата баба Наста славно и геројски ја зела участие во народната ослободителна борба на македонскиот народ. Она со коли и карвани е пренесувала оружие, четници и била курир на организацијата (ВМРО).

Ето от какви чесни македонски фамилии се Мирче и Страшо.

Мирче и Страшо верно и искрено одеа по патот на македонските апостоли Гоцета и Дамета, и со целиот жар и ентузијазам на своите млади и искрени души се бореа за слободата на македонскиот народ. Они со чист и голем интузијазам со искрен самопрегор се бореа против големосрпскиот хегемонизам, тиранија и плачкане на македонскиот народ, како што се против Хитлеровото тиранисване и против фашистичките окупатори. Нив ги бркаше и затвораше, претепуваше и испракјаше во затвори и концентрациони логори големосрпскиот хегемонизам. Они беа водачи на македонската младеж и македонскиот народ против големосрпските тирани и за това беа мачени.

Големосрпскиот хегемонизам и насилие беше заменет со ново ропство и тиранија, со ропство на фашистите и нимната не чуена тиранија. Они први видоа оти фашизмот не му носи слобода на македонскиот народ, ами уште поголемо ропство. Они смело го дигнаја знамето на макелонскиот народ, и пак застанаја во првите редови на борбата на македонскиот народ, за да се борат за неговата слобода, равноправност и самоуправление, за поубав и посреќен живот. Во таја света борба они ништо не жалеја, они и својте млади животи ги дадова. Затоа срамно и гадно лажат фашистичките кучина кога викат оти биле продадени и платени од големо Србите. Не, господа фашисти, они не беа платеници на српските империјалисти, оти за исто од ним беја оптужени кога се бореа против нив. Но, секои треба да знае оти немаше злато, немаше скапоценост, што можеше да ја купи нивната чесност. Они не се бореа за да имајат злато или какви било други облаги, ами за слободата и срекјата на својот народ како што се бореше Гоце Делчев, оти от слобода и срекја нема по големо злато и богатство во светот.

Мирчета и Страша ги нема меѓу нас, ама они ни се пример на самопрегор и оданост на делото на македонскиот народ, и вечно ќе ни блескајат како светел пример. Нимното херојско држане прет полицијата, кога народниот тиранин те мачи и сака от тебе да дознаг како е организирана народната борба, за да можат да ја потуши, да ја разбие, пријателу овија два народни сина треба да ти бидат пред очи. Оди по патот по Страша и Мирчета. Ако попаднеш во рацете на полицијата, суми си ги Мирчета и Страша и како ним ако ти кинат месо, ти кршат коски и нај грозно те мачат ништо да не признаеш. Така ќе докажеш оти си вистински син на својот народ, син како Гоцета и Дамета и следбеник на Мирчета и Страша… Слава на Мирчета и Страша, слава на сите паднати за слободата на Македонија“.

Прогонувани од бугарскиот окупатор биле смртно измачувани во скопскиот затвор, дури со клешти им ги откорнале ноктите, сечеле прстите и им кинеле месо од телата. По повеќедневно ѕверско измачување без судски процес, наjпрво умира Страшо Пинџур, а истиот ден поради тоа што не кажал ниедно име и не предал никого, бугарските фашисти го убиваат и Мирче Ацев. Кога Мирче Ацев бил однесен на погреб во Прилеп, неговите блиски виделе дека му биле откорнати ноктите од прстите, некои прсти му биле исечени, а фашистите дури му кинеле и месо од телото, што предизвикало огромен револт кај Македонците кои дошле на неговиот погреб. Кога виделе колкав е револтот кај Македонскиот народ од погребот на Мирче Ацев, никогаш не го покажале телото на Страшо Пинџур, и до ден денес не се знае неговиот гроб.

Во првата половина од јануари 1943 година, ПК на КПЈ за Македонија по повод убиството на Мирче Ацев и Страшо Пинџур ќе издаде леток во кој се вели:

„Мирче Дончов Ацев и Страхил Пинџуров се мртви. Они не умреа како што умира секоj смртен човек, ами беа на најѕверски начин мачени и претепани… па после утепани. На колку хиљади чесни Македонци им се дига косата кога ќе го види Мирчета во болничка мртвачница и во Прилеп кога го закопуваа со исечени прсти, со извадени нокти и искинато месо од коските. Македонските мајки, татковци и сестри виделе ногу свој синови и браќа мачени и утепани, но досега вакви ѕверства и нечовечно мачење немаја видено. Вака не мачеле ни турските јаничари, башибозлуци и крџалии… Додека Пинџурот го скрија да не се гледаат неговите искршени коски, оти поучени од Мирчевиот случај, виде како за резилок стануват во очите на народот.“