(Видео) Кираџиева: Да ја направиме Македонија подобро место за живеење

 „Како успешна спортистка, неретко ми се имаше случувано да ми дофрлат шовинистички коментари, како: ‘Уште ли ќе трчаш, оди раѓај деца’. Денес, кога навлегувам во политички води, особено на социјалните мрежи, кога немаат противаргументи на моите факти и цврсти ставови, често знаат да ми искоментираат, ‘Иди ма трчај и не паламуди’.

 Но, јас се држам до моите цврсти ставови, бидејќи си ја сакам оваа земја и овој народ – знам како и сакам заедно да ја направиме подобро место за живеење за сите Македонци, мажи и жени – заеднички!

 Знам дека има храбри левичари и левичарки до мене и со мене – со вас марширавме две недели минатиот јули секој ден, велејќи НЕ ЗА УСТАВНИ ИЗМЕНИ! Ќе се бориме и понатаму, по сѐ се чини, само сега како ЕДИНСТВЕНА ОПОЗИЦИЈА.

 Лани изманипулираа и изблефираа ДПМНЕ – опоменувавме дека нѐ продадоа уште тогаш, на тие протести, кога го гушеа отпорот и гневот на народот. Не ни веруваа тогаш, сега се докажа нашето.

Сега ќе маршираат за широка коалиција и фотелја во власта со предавниците СДС и терористите од УЧК/ДУИ – сега ние маршираме заедно и единствени со народот македонски!

 Храбри левичарки и левичари, за оваа храброст – ВИ БЛАГОДАРАМ И ВИ АПЛАУДИРАМ!“