САД ги преименува фосилните горива во „молекули на слобода“

Според американските политичари, САД е земјата на слободата. Но, според Министерството за Енергетика на САД, изгледа и американската почва е направена од слобода.

Марк Менезес, заменик-министерот за енергетика, ги нарече американските горива како „молекули на американска слобода кои можеме да ги извезуваме ширум светот“. Тој, дополнително, го нарече втечнетиот природен гас како „гасот на слободата“.

Со оваа терминологија се согласува и министерот, Рик Пери, кој минатиот месец изјави дека “75 години по падот на нацистичка Германија, САД извезува големи количини на слобода во континентот [Европа]. Но, наместо млади американски војници, тоа е втечнет природен гас.“

Американските влади историски се реторички доследни кога станува збор за слободата, но тоа никако да се преточи во нивните дела, посебно околу надворешната политика.

Текстот не е сатира, за жал.