Левица: Дали битолскиот Крсто Мукоски им обезбеди тројца советници на ДПНЕ од неговата коалиција
- Реакција на Левица – ЛО Битола
Координаторот на советничката група Методија Илиевски со неговата апологија испраќа барање до сите советнички групи од име на Коњановски и Димитровски на конструктивност за финална разрешница на ребалансот.
Единствена опција на локалната самоуправа за поддршка и промена на нелегитимниот ребалансот кој Левица не го признава е СДС!
Двата ребаланси се изрежирани за лични интереси и скроени (едниот по терк на ДПНЕ, другиот на СДС)
Битолчани тоа ќе го осетат на своја кожа!
Според наши сознанија, градоначалникот Коњановски и секретарот Димитровски со амин на битолскиот Крсто Мукоски (Методија Илиевски), преговараат со повисокото раководство на ДУИ, и советниците од ДОМ и НАРОДНА за нивни лични интереси за гласање и измени на старо-новиот ребаланс.
На повидок е нова широка коалиција помеѓу најголемите корумпирани политички партии!
Оваа нова коалиција изминативе години ја влечи Битола на дното, но сега ситуацијата е далеку поразлична со шаренолокоста и Левица во советот.
Кој е интересот на ДУИ да даде поддршка за новиот штетен ребаланс кога веќе го поддржа стариот и покрај тоа што не е поднесен ниту еден амандман во буџетот од нивна страна, односно не се вчитани и амандманите на ДОМ и НАРОДНА !?
Дали се работи за лични интереси во штета на битолчани!?