Вработените во јавните установи – Заробеници на личните интереси на двајца советници од коалициите на СДСМ и ДПМНЕ

Во целост ја пренесуваме реакцијата на ЛО Левица – Демир Хисар

„Веќе е март, а советот на Општина Демир Хисар нема согласност за донесување на буџетот за 2021 година, кој по закон треба да биде донесен најдоцна до 31 декември во тековната година, во случајот 2020 година.

Причината за ова е уцената на двајца советници, еден од редовите на коалицијата на СДСМ а друг од коалицијата на ДПМНЕ, за исполнување на нивните лични интереси.

Последиците од тоа ги трпи целата Општина, а најмногу вработените на јавните претпријатија кои останаа без јануарска плата: ЈКП Комуналец, ТППЕ – Демир Хисар, ЈУДГ 2 Септември, и вработените во Општина Демир Хисар.

Нека размислат демирхисарци за какви советнички листи гласаат!

Левица ЛО – Демир Хисар бара итно свикување на советот и донесување на буџетот на општината!”


ВРАБОТЕНИТЕ ВО ЈАВНИТЕ УСТАНОВИ – ЗАРОБЕНИЦИ НА ЛИЧНИТЕ ИНТЕРЕСИ НА ДВАЈЦА СОВЕТНИЦИ ОД КОАЛИЦИИТЕ НА СДСМ И ДПМНЕ….

Posted by Левица – Демир Хисар on Saturday, March 6, 2021