ИР Иран влегува во американскиот двор – праќа флота во Панамскиот канал

САД и Израел ги ескалираа тензиите на Блискиот Исток со нападот со беспилотно летало врз ирански воен објект. Тие го обвинуваат Иран дека предизвикува проблеми низ светот, наводно поради нуклеарната програма на Техеран. Тој ги отфрли обвинувањата, тврдејќи дека неговата нуклеарна програма служи само за мирољубиви цели.

Ова ескалирање на тензиите не е случајно, имено во средината на јануари, командантот на иранската морнарица, контраадмиралот Шахрам Ирани, за време на неговиот говор на првата „Национална конференција за поморска цивилизација – Пат на напредок“ во Кенарек, ја изрази важноста од проширување на воениот потенцијал на иранската флота во светот.

„Иранската морнарица до денес беше присутна на сите стратешки места во светот, освен во два. Веќе оваа година ќе бидеме присутни на еден од нив – во моментов работиме на можноста да бидеме присутни во Панамскиот канал“, истакна тој.

Присуството на Иран во Панамскиот канал несомнено ќе ги налути Соединетите Држави, земја која ќе го гледа присуството на иранската морнарица како закана за нејзината безбедност, вели Мојсес Гуардуњо, доктор по арапски и исламски студии на Автономниот универзитет во Мадрид.

Намерата на Техеран да го зголеми своето присуство во Панамскиот канал испраќа сигнал дека водите на Латинска Америка се ослободени од американскиот монопол. Политички, истакна експертот, САД во моментов се целосно фокусирани на Украина и Азија, додека Латинска Америка се приближува кон други земји како Кина, Русија и сега Иран.

„Латиноамериканскиот континент, соочен со хегемоничен вакуум, бара поинаков начин на соживот… Тоа е еден вид геополитичко престројување што во моментов го гледаме. Пристапот на Иран кон овие (латиноамерикански) земји е дел од тоа престројување што го забележуваме веќе неколку години“, заклучи Гвардуњо.