БРИКС формира своја независна новинска агенција

Заменик-главниот уредник на медиумската групација „Северна Русија“ Дмитриј Горностајев на медиумскиот форум што се одржа во Јужноафриканската Република, предлага да се развие заедничка платформа на новинските агенции на БРИКС.

Новинската агенцијата Спутник уште на последниот медиумски форум што се одржа во Сао Паоло во 2019 година предложи да се создаде интегрирана онлајн платформа за размена на информации на водечките агенции на земјите од БРИКС“, рече Горностајев, и според него, првата фаза е веќе спроведена во соработка со водечката јужноафриканска агенција АНА, како и со кинеската агенција Ксинхуа.

„Отворени сме за истата размена на билатерална основа и со други новинските агенции. Ние сме подготвени дополнително да ја развиеме идејата за интегрирана информативна платформа на информативната агенција на земјите од БРИКС. 

Треба да комуницираме, да разговараме и да се слушаме директно, без Си-Ен-Ен и Би-Би-Си“, рече Горностајев, и додаде дека е многу важно земјите од БРИКС да добиваат проверени и точни информации една од друга, која не е искривена од наративите и фалсификатите на Западот.

„Русија не треба да дознава за настаните во Африка од извештаите на западните медиуми, а африканските земји треба да дознаат што прави и мисли Русија од изјавите на руските новинари. Токму таква треба да биде медиумската соработка на сите земји од БРИКС“, заклучи Горностајев.