Захарова: Германија треба да се изјасни, дали е во војна со Русија, или не?

Руското Министерство за надворешни работи го повика Берлин да даде изјава по контрадикторните коментари на официјални лица.

Германија испрати тенкови во Украина, но тврди дека тие не учествуваат во конфликтот и покрај воинствените коментари на шефот на дипломатијата.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, побара од германскиот амбасадор во Русија да ја разјасни позицијата на Берлин во конфликтот во Украина.

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок на Парламентарното собрание на Советот на Европа претходно оваа недела изјави дека земјите од ЕУ заедно се борат против Русија. За разлика од Бербок, германскиот канцелар Олаф Шолц постојано предупредуваше на опасноста од ескалација на конфликтот и со месеци се двоумеше да испрати тенкови во Киев.

На телеграм Захарова напиша:

„Дали знаат што прават? Нивниот министер за надворешни работи вели дека нејзината земја, заедно со некој друг, војува против Русија, и истото министерство, не се смета себеси за учесник во конфликтот. Со оглед на тоа што овие две тези се контрадикторни, германскиот амбасадор ќе мора да ги разјасни“.

Набргу потоа, Париз брзо се огради.

„Ние не сме во војна со Русија и никој од нашите партнери не е во војна“, изјави портпаролката на француското министерство, Ан-Клер Лежандре.