Колективниот Запад се лизна на сопствената пропаганда во НР Кина

Последниве децении НР Кина се наоѓа под константна критика од колективниот Запад дека во северозападниот дел на Кина во регионот Ксинџијанг населено со муслиманско малцинство Ујгури, се врши репресија врз истите, угнетување и функционирање на логори за повторно образување каде што Ујгурите се малтретирани.

Во критиките доминираат негативните извештаи на Хјуман Рајтс Воч, и ООН.

Минатата година, Канцеларијата за човекови права на ООН објави оценка за состојбата со човековите права во Ксинџијанг, каде заклучи дека дејствијата на Кина против Ујгурите и другите малцински групи може да претставуваат злосторство против човештвото.

Во извештаите пишува дека „Во најголемиот бран апсења во последните десетлетија се приведени над еден милион муслимани и на неодредено време се затворени и се изложени на присилна индоктринација“.

На почотекот на месецот делегација на Арапската лига беше во посета на НР Кина, и тоа беше шанса таа да го посети регионот Ксинџијанг.

Инаку Арапската лига е основана во 1945 година, е конфедерација од 22 арапски нации кои имаат за цел да ја подобрат координацијата за заедничките интереси. Нејзината повелба промовира соработка, се откажува од насилство и посредува во спорови, но нема механизми за спроведување.  

„Она што делегацијата на Арапската лига го виде со свои очи во Ксинџијанг уште еднаш покажува дека вистината секогаш ќе надвладее, а оние кои се обидуваат да ја оцрнат НР Кина манипулирајќи со прашања поврзани со Ксинџијанг, нема да го имаат својот пат“, рече Министерот за надворешни работи Ванг.

„За време на своето патување, делегацијата отпатува во Урумчи и Кашгар, каде што посети џамии, исламски институти, локални претпријатија, стари градови и изложба за антитероризам и дерадикализација, изврши молитви во џамиите заедно со локалното население и доби искуство од прва рака за нивните животи“, рече Ванг на брифингот со новинарите во Пекинг претходно оваа недела.

Групата посети голем број локации во Ксинџијанг и нивен заклучок беше дека регионот не одговара на она што го прикажуваат западните медиуми и може да се пофали со хармонија и стабилност, брзо растечка економија и шарена и просперитетна култура, со жители кои живеат и работат во мир и задоволство.“

„Арапските земји ја пофалија грижата што ја добија муслиманите во Ксинџијанг и луѓето од другите етнички малцински групи и ја изразија својата цврста поддршка за напорите на Кина да го промовира развојот на Ксинџијанг и да ја обезбеди неговата стабилност“.