Како Вистиномер оцени дека делумно се намалени трките со мотори во Карпош?

Бранко Ристов, советник на Левица во општина Карпош, реагираше на рецензија на факт-чекерот Вистиномер дека делумно е исполнето ветувањето на власта за запирање на трките со мотори и автомобили во Карпош.


Не е проблемот што текстов е класичен спин и клик бејт. Проблемот е што оваа пропагандистичка банда се цензорот на ФБ што е вистина, што не е. Чисто да знаеме со што си имаме работа, сектава главна функција им беше анализа на исполнување на изборни ветувања пред да бидат избрани за ФБ цензор од страна на власта.

Вештината за манипулација е токму причината што тие се избраниците. Класичен пример е текстов подолу. Пишан е 2018, каде ветувањето да ги спречат дивите трки на Шилегов и Богац го оценуваат како “делумно исполнето”. Оваа оценка ја добиваат преку едноставна прес-конференција, која всушност е целиот текст. Ништо друго нема што ја поддржува оценката, освен тоа што одржaле прес, ништо!

Од 2018 па наваму, се’ уште има диви трки. Вистиномер се’ уште се немаат корегирано. Што ги прави фејк њуз пропагандна машинерија, која поседува несразмерно многу моќ за одбрана на власта.”  – напиша Ристов на својот профил.

Не е проблемот што текстов е класичен спин и клик бејт. Проблемот е што оваа пропагандистичка банда се цензорот на ФБ…

Posted by Branko Ristov on Wednesday, 17 March 2021