Пет поенти од политичкиот говор на Путин на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург

Рускиот претседател Владимир Путин учествуваше на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург во петокот, одржувајќи долг говор. Настрана од економските теми, претседателот даде повеќе изјави за меѓународните политички случувања, поврзани со тековниот конфликт со Украина и поширокиот судир против колективниот Запад.

Издвојуваме пет поенти од неговото излагање:

1. Украинската контраофанзива е со големи загуби – и од неа нема добивки

Рускиот претседател даде отчет за тоа како се одвива украинска контраофанзива, која започна на почетокот на јуни. Според Путин, силите на Киев досега изгубиле околу 186 тенкови и 418 оклопни возила од друг тип.

„Нивните загуби се многу тешки – десет према еден во однос со руската армија. Тоа е факт. Во однос на техниката, загубата на оваа опрема расте секој ден“,  додавајќи дека Киев досега не ги постигнал своите цели, трошејќи ги своите стратешки резерви.

2. Западната воена помош нема да и помогне на Украина

Засилената воени дејсвија предизвикаа брзо исцрпување на резервите на воен материјал на Украина, рече Путин, предвидувајќи дека вооружените сили на земјата ќе станат целосно зависни од странска помош во најблиска иднина. 

„Нема да можете да водите војна долго така, додека  нашата одбранбена индустрија, расте од ден на ден. Секое оружје што Киев ќе го добие од колективниот Запад ќе заврши уништено. Тенковите горат. Меѓу нив се и Леопардите. Така ќе бидат и со авионите Ф-16. Нема сомнеж“, изјави претседателот, мислејќи на потенцијалните испораки на напредни авиони од американско производство, кои долго време ги бара Киев.

3. Вклучувањето на НАТО го продлабочува конфликтот

Потенцијалната испорака на борбени авиони Ф-16 ќе го натера блокот на НАТО предводен од САД уште подлабоко да се вклучи во конфликтот, рече Путин. Авионот може да биде стациониран во странство, додека оперира само во воздушниот простор на Украина за време на борбени летови.

Во таков случај „ние ќе треба да најдеме начин како да ги отстраниме тие средства што се користат во борбените операции против нас“, рече Путин. „Ова е сериозна опасност за дополнително вовлекување на НАТО во овој вооружен конфликт“.

4. Западот ќе сака да разговара со Русија за безбедносните гаранции

Москва никогаш не одби да се вклучи во дијалог со колективниот Запад, доаѓајќи со предлог за сеопфатен безбедносен договор непосредно пред почетокот на тековните непријателства, рече Путин. Западот, сепак, го отфрли дијалогот – но на крајот ќе биде принуден да го напушти својот конфронтациски став.

„Во однос на тоа дали е потребно да се води дијалог со нив или не, повторувам уште еднаш, ние не го отфрливме овој дијалог“, рече Путин. Тие решија да го прекинат овој дијалог со нас.

5. Околу употребата на нуклеарно оружје 

Нуклеарното оружје е создадено за да ја обезбеди нашата безбедност во најширока смисла на зборот, како и постоењето на руската држава. 

„Ние поседуваме повеќе вакво оружје од земјите на НАТО. Тие го знаат тоа и секогаш се обидуваат да не убедат да започнеме преговори за намалување. 

Ние во моментов немаме потреба да го користиме – рече Путин на меѓународниот економски форум во Санкт Петербург.