ПРАВДАТА Е БАВНА, НО СЛАВНА

Од извори блиски до поредниот Пи-Ар на Еуромакс Рисорсис (озбилен сум) дознаваме дека компанијата е во распад, а вработените размислуваат за напуштање и бараат нови работни места. Една од причините е и стравот од кривично гонење поради ширење опасни дезинформации. Исто така, не се делат плати, а проектот за рудникот Иловица е пред затворање. Во случајов, овој Пи-Ар ќе биде веројатно првиот во богатата историја на компанијата што нема да биде сменет – тие самите газглавечки ќе избегаат.

Во меѓувреме, по нашиот ултиматум до Владата, еден сметководител со звучна титула „главен финансов директор“ на Еуромакс, Никола Гулев, побрза во интервју за олигархиското гласило Капитал да продава пуфки за наводната стабилност, големина и законитост на компанијата, која била „првата компанија со седиште во Македонија која фигурира на берзата во Торонто“.

Ги потсетуваме сметководителот и колегата му кој се претставува за новинар дека минатомесечниот извештај од берзата за оваа компанија покажува дека Еуромакс Рисорсис има долг поголем за 100% од нејзиниот капитал, а поради неликвидност мораше да користи кредит од 5 милиони евра од ЕБРД, трансфериран во акции. Вредноста на акциите на Еуромакс, дечки-сметководители, последниов период падна за 600% (шестотини!). Инаку, капитализацијата на берзата на компанијата се базира исклучиво на резултатите од геолошките истражувања и МОЖНОСТА да копаат злато и бакар над Иловица и Штука и ништо друго. Затоа запнале по секоја цена да не истроват. До берзата пак се стигнати информации за големиот отпор против рудникот овде и затоа акциите им паѓаат како камења. Кога до берзата набрзо ќе стигне информацијата дека рудникот е сопрен (бидејќи ќе биде сопрен), тоа ќе биде неизбежен банкрот за овие опасни хохштаплери.

Тоа пак ќе значи само едно: ПРАВДА!

Став на Крум Велков превземен од ФБ.