О2 Коалиција: Кого штити Уставниот суд?

Реакција на иницијативата О2 коалиција за чист воздух.

Додека за Аеродром допрва ќе се види дали ќе се најде вака пост-фестум начин, а начин има, секогаш, за Карпош Уставен суд укина три ДУПа, ама еден остана така заборавен. Се стиша галамата, одмори дојдоа, ДУПот прашина фати кај некој од судиите на Уставен и З 05 падна во заборав.

ДУП З 05 е во Карпош 3, помеѓу Илинденска и Партизанска, помеѓу Сити Мол и 8 Септември болницата. Предметот во Уставен суд се води под број У.бр.135/2017. Година дена како е предаден, а не е ставен ни на разгледување. Другите предмети поднесени во исто време си добија конечни Одлуки со кои се укинаа три ДУПа во Карпош (З 06, З 04 и СЗ 19).

Уставен суд ќе има трета седница после летната пауза на 17.10.2018 и абер нема од ставање на овој ДУП/предмет за разгледување, за Одлука да не праиме муабет.

Може ли нешто во оваа држава да се заврши без ние постојано да им висиме над глава на надлежните?!

На Претседателот на Уставен суд му пишавме. По четврти пат. Да се стави под итно предметот на дневен ред на следната седница на 17.10.2018. Па да видиме сега.

Одговорност за вакво непостапување ќе поднесе ли некој? Ќе се остави ли и понатаму судијата кај кого е овој предмет да го држи кај себе и никому ништо?

Исто, некаква одговроснот ќе сноси ли некој што не е овозможено после шест месеци од поднесеното барање на подносителите на 4ите иницијативи да ги разгледаат списите во нивните предмети?

Ставете ред веќе еднаш, сменете лоши закони, правилници, нека почне секој да сноси одговорност. Од урбанисти, планери, градоначалници, судии, министри, директори, инспектори, секој во ова општество да почне да одговара за она што го прави.

И ставете го У.бр.135/2017 на дневен ред, стварно секоја мера е надмината, жив срам сме Уставен Суд На Р.М / М.С Anayasa Mahkemesi.