Дали „Црвениот поет‘‘ ќе ја доживее судбината на Бели Мугри?

  • Став на Звезданка Пешиќ

Филмот кој шест години беше чуван, криен и забрануван да се прикаже во јавноста, конечно го дочека својот “силно светнат ден”. На шеесетите Рацинови Средби, краткиот серијал “ Црвениот поет”, кој е снимен во 10 епизоди, беше прикажан во три вечери.

Скафандер министерката за култура не удостои со своето доаѓање, но не и со целовечерно присуство за време на прикажувањето. Имено, таа уште во првиот дел од филмот ја напушти салата на велешкиот театар. Дали нејзината ваква постапка е само најава дека овој филм нема повторно да ја доживее светлината на денот?

Да ли овој филм ќе ја доживее судбината на Бели Мугри, па ќе бидеме принудени тајно да делиме копии од снимките, како да криумчариме тешки дроги?

Филмот е едно врвно достигнување во целост. Дело, кое како трајна мерка и завет ни ги остави Рацин, пренесено на екран. Емоција која може да се почувствува во секоја пора од телото. Можеби некој требаше да ја предупреди министерката да си носи панцир, кога може скафандер зошто не и панцир, бидејки една ваква срцепарателна приказна за еден човек кој ја испишува вековитата борба на својот народ, кој на вратот ги носи нанижани сите денови на црнотрудовиот народ неможе да те остави рамнодушен, дури и ако си предавник.

Дали министерката препозна уште на самиот почеток дека ова е тој повик, ова е таа искра која прецизно, значајно и суштински ќе го води народот од минатото кон иднината? Дека ова е своевиден клуч за движење напред кон неодложното и нужното, кон конечната победа на обичниот човек? Дека ова ќе ги разбуди сите наши потиснати емоции и желбата за слобода?

Фимот се појави во последен час како буре полно со експлозив, кое вознемирува и потресува, предупредува и се заканува, како силна експлозија одекна во салата на театарот. Рациновата борба и идеологија, свиокот кој го прави од класното кон националното, неговата определба да пишува на мајчин јазик и да ја отфли туѓојазичноста е она што силно ја потресе историјата но и денешницата, сила на зборот од која се плашат предавниците и окупаторите. Рацин опстојува низ децениите како искра во длабокиот мрак, ги осветли сите наши идеали и стремежи, конечно почна да се отвара патот кон светлината на правдата и љубовта.

Министерке, чоековото дело е единствена мерка за трајноста и вредноста на човековиот живот. Можноста од него да се создаде дело за векување и паметње. Вас ќе ве паметиме по скафандерот, по тоа што немавте храброст ни еден краток серијал да изгледате до крај, по предавството на сопствениот народ и продавањето на сопствената држава. Па кога ќе размислам подобро, вам и не ви беше местото таму, подобро што заминавте.