Амар Мециновиќ со резиме на „подвизите“ со кои Спасовски ја „заслужи“ апанажата од 2500 евра месечно

ОЛИВЕР СПАСОВСКИ, да резимираме, за што добива 2 500 евра АПАНАЖА од наши пари, иако Уставен суд ја укина:

• за ХАОСОТ со личните документи, создавајќи конфузија и безредие, газејќи ги уставните права на граѓаните и претворајќи ја Македонија во колективен затвор со ограничена слобода на движење.

• за издадените ПАСОШИ за белосветски КРИМИНАЛЦИ, со кое се понижија државните институции и се загрози јавната безбедност – додека постојат ,,деца фантоми” кои без документи не можат да добијат никаква државна заштита.

• за ОДЛОЖУВАЊЕ на потпишувањето на Решението за забрана на станицата за технички преглед, низ која потоа поминува и автобусот на ,,Беса транс” пред кобниот пат низ Бугарија.

• за БЕГСТВОТО на Груевски.

• за ТЕРОРИЗИРАЊЕ на децата и родителите и создавање општа паника со некомпетентноста за постапување со дојавите за бомби, притоа приведувајќи погрешни лица.

• за ПРОТИВЗАКОНСКА промена на софтверот за лични карти во 2021 година.

• за ПРИВАТИЗИРАНИ полициски одмаралишта.

• за ШЕРИФСКО однесување на командири.

• за ИНЦИДЕНТИ на Мечкин камен, за најголемиот празник, оркестрирани од негови началници.

• за ПРОВОКАТОРИ кои беа уфрлени на протестите против т.н. ,,француски предлог”.

• за СЕЛЕКТИВНО спроведување на законите и прописите за време на пандемијата.

• за НЕПОТИЗАМ и клиентелизам.

• за функционери под него кои ТЕПАА студенти.

Милион оставки требаше досега да даде, но тој со СДС, во Мај ќе ви побара поддршка како ‘европски човек’ од ‘европскиот фронт’.

Напиша во статус на Фејсбук портпаролот на Левица и член на президиумот Амар Мациновиќ.