Апасиев: Левица е способна да војува со СДС и ДУИ на сите фронтови

На својот фејсбук профил пратеникот и Претседател на Политичката Партија Левица, Димитар Апасиев го напиша следниот статус:

Додека ние денес во парламент ја поднесуваме иницијативата за референдумот против БУГАРИЗАЦИЈАТА, нашите другари ќе протестираат во Охрид – против повампиривањето на фашизмот. Тоа само покажува дека Левица, во изминативе години, успеа да изгради жива и жилава организација и структура која е способна да војува со хибридниот режим на СДС и ДУИ на сите фронтови“.

Со тоа тој ја истакна борбата на Политичката Партија Левица против хибриодниот режим на СДСМ и ДУИ, кои го воскреснуваат фашизмот ширум републиката со отварање на бугарски фашистички клубови ширум републиката.

Воедно тој го најави протестот денес во Охрид организиран од страна на Политичката Партија Левица против отворањето на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети‘‘ , а е под паролата: Не за рехабилитација и глорификација на фашизмот! Не за бугарскиот Хитлер!