2.500 евра апанажа за Ковачевски и Спасовски, експремиерот побарал и службено возило на државна сметка

Надоместокот е во висина на платата што именуваното лице ја добивало додека било на функцијата, а тоа значи дека и двајцата цела година ќе добиваат по 2.500 евра месечно.

Комисијата за избори и именување во Собранието, под точка „разно“, ги усвои, односно ги прифати барањата од поранешниот премиер Димитар Ковачевски и од поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски да добијат апанажа.

Надоместокот е во висина на платата што именуваното лице ја добивало додека било на функцијата, а тоа значи дека и двајцата цела година ќе добиваат по 2.500 евра месечно.

Единствено пратеници од СДСМ биле присутни во салата, а со седум гласа „за“ и без никаква дискусија биле усвоени решенијата.

Поранешниот претседател на Владата, Димитар Ковачевски кому функцијата му престана поради избор на преодна Влада, поднесе барање за остварување на плата по престанок на функцијата. И поранешниот министер Оливер Спасовски на кого функцијата му престана согласно Законот за Влада, поднесе барање за остварување на плата по престанок на фукциј – рече претседателката на Комисијата, Марија Георгиевска и ги стави предлозите на гласање.

Покрај правото на апанажа, Ковачевски побарал и добил право на користење службено возило, кое му следува во согласност со Законот за возила.

Освен експремиерот и поранешниот министер за внатрешни работи, апанажа ќе добиваат и Весна Бендевска од Комисија за заштита од дискриминација, како и Исмаљ Камбери од Комисија за заштита од дискриминација.

Текстот е превземен од Плусинфо